среда, 10 декември 2025

Општините од Пелагонија и од Југозападниот регион се договорија за заедничко управување со отпадот

Градоначалниците на општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион заедно со меѓународни донатори и македонската Влада денеска треба да одржат конститутивна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО). Се работи за воспоставување регионален модерен и одржлив систем за управување со отпад, по европски стандарди.

Објавено на

часот

Сподели

Општините од двата региона, по тригодишна координирана работа, планирање и развој на општинските капацитети, преминуваат кон практична имплементација на функционален Регионален систем за управување со отпад (РСУО). Овој процес е суштински и клучен за исполнување на националните законски обврски, како и за унапредување на квалитетот на животната средина, но и за приближување кон стандардите и барањата на Европската Унија.

Синоќа во Скопје се одржа свечен прием на кој присуствуваа заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ, градоначалниците на општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион како и раководителот за развојна соработка, Амбасада на Кралството Шведска, Микаел Атерхог, и амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Сомер, и претставници на меѓународни организации. Сите ја потврдија силната и континуирана посветеност кон воспоставување регионален модерен и одржлив систем за управување со отпад, по европски стандарди.

Шведска, преку поддршката на SALAR International, како и Швајцарија и другите партнери, повторно ја потврдија својата долгорочна посветеност кон реформите врзани со управувањето со отпад. Двете партнерски земји обезбедуваат експертиза, финансиска поддршка и институционален кредибилитет – фактори кои се клучни за успешна системска трансформација.

Градоначалниците од Пелагонискиот и Југозападниот регион ја изразија својата подготвеност, волја и одлучност да работат заедно во корист на граѓаните во функција на заштитата на животната средина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ