четврток, 12 март 2026

Општина Струга не може да го продаде аудито на Мерко, извршител дошол по наплата на долг

Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга попречена е постапката за продажба на службениот автомобил Ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 овој месец со почетна цена од околу 21.800 евра, а средствата да бидат наманети за набавка на комбе кое ќе го користат спортските клубови и центарот за деца со посебни потреби, информираа денеска од Општината.

Објавено на

часот

Сподели

„Реализацијата на оваа одлука е попречена поради извршна постапка поврзана со долг наследен од 2016 година во вредност од околу 1,4 милиони денари. Поради каматите и пресметките што се вршат од 2018 година, овој долг во моментот изнесува околу три милиони денари. Исто така, факт е дека извршните постапки во Општина Струга се бројни“, пишува во соопштението на Општина Струга.
Оттаму појаснуваат дека како последица на активирањето на оваа постапка од страна на надлежен извршител, градоначалникот е во комуникација со него и други засегнати страни „со цел овој процес да се заврши на начин кој ќе биде во интерес на граѓаните“.
„Овој случај е уште еден показател за тешката финансиска состојба која Општина Струга ја има наследено од претходните години. И покрај тоа, градоначалникот Ќура останува посветен на транспарентно управување со општинските финансии и на изнаоѓање решенија кои ќе бидат во корист на граѓаните“, се неведува во соопштението на Општина Струга, објавено на нејзината официјална страница.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ