Според информацијата, рокот почнува да тече денеска, а се однесува на сите бараки, тезги, детски играчки, рекламен материјал, земјоделски производи, градежни материјали и слично.
Граѓаните кои имаат зафатено јавна и сообраќајна површина на територијата на општина Струга, со оставено огревно дрво, нерегистрирани и хаварисани возила, отпадни гуми и друга опрема и материјал треба да ја ослободат површината до крајот на месецот. Краен рок за постапување е 30 ноември 2025 година. По истекот на рокот инспекцијата на општина Струга, ќе постапи согласно законските надлежности и ќе започне со ослободување на зафатената јавната површина, соопшти Општина Струга.






