Аукцијата, како што соопшти општинската прес-служба, ќе почне во 10 часот на интернет страницата e-stvari.mk.
„Со средствата од продажбата на автомобилот ќе се набави комбе кое ќе служи за потребите на општинската администрација и спортските клубови во градот“, пишува во информацијата.
Оттаму информираат дека огласот бр. 1/2026 за продажба на подвижни предмети – патничко моторно возило, преку електронска аукција е објавен и во Службен весник.
„Ги покануваме сите заинтересирани страни да учествуваат на соодветната аукција. На аукцијата ќе бидат објавени сите информации за возилото, како и потребните упатства за аплицирање“, информира Општина Струга.
Авомобилот, Ауди А6, кој Општина Струга го купи 67.000 евра, во времето кога градоначалник беше Рамиз Мерко крена дебата во јавноста дека е набавен во време кога општината била со блокирана сметка. Против Мерко се водеше судски спор, на кој судот во Струга одлучи дека нема вина за набавката на луксузното возило.






