Според јавниот повик, сите заинтересирани жители на општината кои исполнуваат основни критериуми може да аплицираат во периодот од 11 до 31 јули 2025 година.
Кандидатите треба да бидат полнолетни државјани на Македонија, со минимум завршено основно образование, да поседуваат општа психофизичка способност за работа и да имаат изразена мотивација за грижа за стари и немоќни лица
Пријавените ќе бидат повикани на индивидуално интервју за проценка на нивната мотивација и соодветност за програмата.
Пријавувањето може да се изврши електронски на е-mail адресата: [email protected], лично во просториите на Црвен крст Куманово на ул. „11-ти Октомври“ бр. 4 или во Општина Старо Нагоричане.
Општината е сместена во североисточниот дел од земјава. Според податоците од последниот попис во Старо Нагоричане има 3.051 жител во 39 населени места.






