Барањето за пријавување на штета се добива во Општина Ресен, а секој барател има обврска да достави придружна документација поврзана со имотот, видот на објектите и добра во домаќинството.
Како што е познато со големата поплава во Преспа, најпогодени беа населените места Царев Двор и Дрмени, каде се излеаја Голема Река и Царедворска Река, а водата навлезе и во куќите на локалното население.
Општина Ресен со цел да се спречат заразни болести и во соработка со надлежните институции изврши дезинфекција на улиците со хлор, а од денеска и обесштетување на граѓаните кои штетите од поплавите треба да ги пријават најдоцна до 26 декември.






