„Имено, во раките на програмата Интерег ИПА Адрион, кофинансирана од Европската Унија, Неготино заедно со уште пет општини од Јадранско – Јонската област, добија грант. Се работи за реализација на заеднички проект, Локалните власти на патот кон одржлива урбана мобилност во Јадранско – Јонскиот регион, со акроним ЛАМО. Проектот е со вредност од 1.192.251 евра, од кои 168.170 евра се грант за Општина Неготино. Времетраењето на проектот е 36 месеци“, појасни градоначалникот Горан Стојанов.
Тој додаде дека во рамките на проектот, се предвидени и набавка на урбана опрема, знаци и канти за отпад за велосипедски парк, набавка на пет електрични трицикли за лица со попреченост, набавка на десет електрични велосипеди, пет полначи за нив, изработка на техничко – архитектонски истражување за велосипедска патека во општина Неготино, развој и изработка на стратегија за урбана мобилност во општината и слично.
Стојанов упати благодарност за донацијата.