четврток, 2 април 2026

Општина Неготино апелира жителите на селата близу пожарот да ги напуштат домовите

Жителите од селата Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места, да ги напуштат своите домови и да се засолнат на безбедно место во градот или околните села што не се зафатени од пожарот, апелира Штабот за заштита и спасување на Општина Неготино.

Објавено на

часот

Сподели

Поради опасност од ширење на пожарот во неготинско, упатен е апел, жители од неколку села да ги напуштат живеалиштата.

„Се упатува апел до населението во општина Неготино и тоа во селата Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места, да ги напуштат своите живеалишта/престојувалишта и да се засолнат на безбедно место во градот или околните села што не се зафатени од пожарот, поради опасноста од забрзано ширење на истиот, пишува во соопштението на штабот за заштита и спасување на Општина Неготино.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ