„Согласно новиот правилник, висината на помошта за првородено дете, што како право се исплаќа од 2018 година, се зголемува и таа сега изнесува 10 илјади денари. Новата мерка предвидува 18 илјади денари за секое второ родено дете, додека 25 илјади денари за секое третородено дете. Оваа мерка има за цел да им даде директна поддршка на младите семејства и да го поттикне наталитетот во нашиот регион“, рече Ибраими.
Право на еднократна парична помош имаат родителите кои се со постојано живеалиште во едно од населените места на територијата на Општина Маврово и Ростуше.
Барањето и потребните изјави се подигнуваат и пополнуваат директно во просториите на Општина Маврово и Ростуше, и се поднесуваат во рок од три месеци од раѓањето на детето.






