петок, 13 март 2026

Општина Маврово и Ростуше и здружението „Актива“ потпишаа меморандум за соработка

Општина Маврово и Ростуше и Здружението за интеграција, развој и едукација Актива од Тетово денеска потпишаа меморандум за соработка во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги „Помош и нега во домот“.

Објавено на

часот

Сподели

„Со потпишувањето на документот од страна на градоначалникот Онер Јакупоски и претставник на здружението, започнува заедничкиот процес за воспоставување и развој на социјалната услуга „Помош и нега во домот“ на територијата на нашата општина. Оваа соработка претставува клучен чекор во заложбите на локалната самоуправа за обезбедување квалитетна грижа за повозрасните лица и нашите сограѓани од ранливи категории“, рече Фикрет Ибрами, одговорен во секторот за однос со јавноста на општината.

Додаде дека услугата е насочена кон директна поддршка во секојдневните активности на граѓаните во нивните домови, со цел да им се овозможи достоинствен и самостоен живот.

„Грижата за нашите највозрасни сограѓани е наш врвен приоритет. Со оваа услуга носиме конкретна помош таму каде што е најпотребна – во домовите на нашите жители. Општина Маврово и Ростуше продолжува посветено да вложува во хумани и социјални услуги кои се достапни за сите“, изјави градоначалникот Јакупоски при потпишувањето.

Проектот го спроведува Министерството за социјална политика, демографија и млади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ