Уверението за избор на градоначалник му беше врачено од страна на Реџеп Агаи, претседателот на Општинската изборна комисија.
„Со овој чин, и официјално се потврдува изборната волја на граѓаните и започнува новиот мандат за управување со општината“, наведуваат од Општината
При примањето на уверението, градоначалникот Јакупоски истакна дека ова е голема чест, но уште поголема одговорност пред сите жители на Маврово и Ростуше, најавувајќи посветена работа за подобра иднина на сите населени места во општината.
За градоначалник беше избран на повторените избори одржани во неделата, на 11 јануари. Од 27 ноември со одлука на Владата беше назначен за повереник со надлежности на градоначалник.






