недела, 14 декември 2025

Општина Куманово ги повика градежниците да аплицираат за реконструкција на фасадата на училиштето „Браќа Миладиновци“

Општина Куманово, во партнерство со УНДП денеска објави отворен повик за избор на изведувач за реконструкција на фасадата на заедничкиот објект на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“. Како што информира денеска премиерот Христијан Мицкоски, преку 800 проекти се поднесени од општините на вториот јавен повик од кои најголемиот дел или околу 600 се во Министерството за транспорт, но прашање е колку градежната оператива во земјава ќе може да ги реализира проектите пријавени од општините на двата јавни повици за поддршката од 250-те милиони евра.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од Општина Куманово, интервенцијата е дел од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, финансиран од Шведска, со фокус на унапредување на енергетската ефикасност преку реконструкција на фасадата и градежни мерки. Изведбата ќе се реализира во летниот распуст, во рок од 40 дена по потпишување на договорот. Заинтересираните компании може да аплицираат преку следниот линк: https://procurement-notices.undp.org/view_negotiation.cfm?nego_id=35389[2].

Учениците од кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“ кон крајот на учебната година избираа меѓу две идејни решенија за изгледот на нова енергетска ефикасна фасада. Поставувањето на фасадата е дел од одлуките на граѓаните на форумските сесии во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од програмската рамка на УНДП, финансирана од кралство Шведска и кофинансиран од Општина Куманово.

Куманово, заедно со други општини е опфатено во „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од програмската рамка на УНДП, финансирана од кралство Шведска и кофинансиран од Општина Куманово. Градот спроведува повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето, кое особено се чуствува во зимските месеци.

Досега се применети субвенции за приклучок на гас, субвенции за клима, садење висококвалитетни садници, останува да се воведат прочистувачи за воздух и поставување фотоволтаици. Според последните истражува во Куманово дефинирани се шест извори на загадување, најмногу согорување на биомаса чии пикови се евидентни во периодот декември-јануари, потоа сообраќај, согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли.

Како што информира денеска премиерот Христијан Мицкоски, преку 800 проекти се поднесени од општините на вториот јавен повик од кои најголемиот дел или околу 600 се во Министерството за транспорт, но прашање е колку градежната оператива во земјава ќе може да ги реализира проектите пријавени од општините на двата јавни повици за поддршката од 250-те милиони евра.

„Ова не се случило никогаш, но сега има друг проблем, да видиме дали градежно ќе ги затвориме сите тие проекти зашто 1.200 градилишта кога ќе се додадат на останатите постојни, станува проблем за градежната оператива. Ние веќе имавме состанок со Стопанската комора и со Комората на гардежници“, нагласи Мицкоски, одговорајќи на ноивнарски прашања по посетата на Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ