Сепак, Тодоров, реши сам да настапи на локалните избори закажани за 19 октомври и ја поднесе својата кандидатура како независен кандидат.
Тој е повеќегодишен граѓански активист. Еден од основачите е на неколку организации и здруженија, меѓу кои Ротари клубот „Кочани-Виница“, „Воскресение“ и одборот ,,За здрав живот“. Во моментов го раководи Центарот за солидарност ,,Сакам живот во Кочани”.
Зоран Тодоров е роден во 1978 година во Кочани, а по професија е економист.
Во Кочани поднесени се и две листи со независни кандидати за членови на идниот совет. Едната од Благица Сабовљевиќ Стојменова, другата од Аки Акиов, кој е дел од Советот на Општина Кочани во заминување.
ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ во Кочани сѐ уште ги немаат соопштено имињата на своите кандидати за градоначалници со ќе настапат на 19 октомври.






