„Планот за одржлива урбана мобилност, што Општина Кочани ги реализира како дел од проектот ‘Развивање планови за одржлива урбана мобилност за општините Кочани, Кавадарци, Струга, Струмица и Прилеп’ во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта со поддршка на Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, со договор на Министерство за транспорт на РСМ со заеднички настап на Италија како водечки член и Турција, како член, консултант#, се наведува во повикот што Општината го упатува до граѓаните на Кочани.
Главната цел на иницијативата е насочена кон подобрување на пристапноста, промовирање на одржливи начини на транспорт со опфат на влијанието врз животната средина.
„Развивањето на Планот за одржлива урбана мобилност е сложен и сеопфатен процес кој вклучува бројни анализи, проценки и координација помеѓу релевантните институции, но и неопходна поддршка од граѓаните. Токму затоа ги повикуваме сите заинтересирани да го пополнат прашалникот и да дадат свој придонес во креирањето на политики кои ќе донесат долгорочни придобивки за заедницата“, се вели во повикот од локалната самоуправа на Кочани.
Анкетата има за цел да ги собере мислењата и предлозите на граѓаните за подобрување на јавниот превоз, пешачката и велосипедската инфраструктура, сообраќајната безбедност и генералната мобилност низ градот.






