„Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, почитувајќи ги сите закони и правила. Нема да има двојни стандарди за никого и нема да дозволиме прекршување на каков било закон. Законите мора да важат подеднакво за сите. Во мојот мандат ќе сe залагам за работење исклучиво според право и правда“, изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, посочувајќи дека институцијата ќе постапува одговорно за сите случаи каде ќе се утврдат нерегуларности во однос на објекти на територијата на општината.
За секој објект кај кој ќе се утврдат неправилности, нагласи, ќе биде издадено решение за отстранување.
„Тоа е единствениот начин да воспоставиме ред и правичност и да го заштитиме јавниот интерес“, посочи Стаменкоска Трајкоска






