недела, 15 јуни 2025

Општина Кисела Вода го повикува Град Скопје да преземе мерки по еколошката хаварија во Пинтија

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва, преку својот Фејсбук-профил, го повика Град Скопје да постапи по еколошката хаварија во Пинтија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува Ѓорѓиевски, објект за производство на стиропор во Пинтија, со елаборат за заштита на животната средина издаден и одобрен од страна на Градот Скопје на 31.12.2021 година со број 08-10300/4, поради истекување хемикалии користени за потребите на производството, во текот на денешниот ден направи хаварија во овој дел на општината.

Според него, граѓаните немаат причина за вознемиреност зашто Општина Кисела Вода ги презела сите мерки за заштита.

„Од наша страна, иако не е во рамки на нашите надлежности, а во соработка со екипите на Противпожарната бригада од Скопје, обезбедивме пилевина и песок како најдобра солуција против пролизгување во вакви случаи на хаварија. Инспекторите од Кисела Вода веднаш излегоа на терен и констатираа протекување на хемикалии од вентил при дефект, кои се користеле за производството. Апелирам до Градот Скопје, кој го издал елаборатот за работа и до сите надлежни институции да преземат мерки согласно законот, во рамки на своите надлежности“, подвлекува градоначалникот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ