понеделник, 5 мај 2025

Општина Кисела Вода донира пакети со прехранбени производи за Велигден

По повод христијанскиот празник Велигден, на семејства од социјален ризик во општина Кисела Вода им биле доделени пакети со прехранбени производи, информираа попладнево од локалната самоуправа.

Објавено на

часот

Сподели

Семејствата биле посетени од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, отец Оливер, пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска и претседателката на Советот, Светлана Колариќ.

„На овие семејства им беа доделени пакети со прехранбени производи, со цел да им се помогне и да им се овозможи достоинствено одбележување на претстојниот празник“, се наведува во соопштението на локалната самоуправа.

Во писмената изјава на градоначалникот Ѓорѓиевски се наведува дека „Христос нѐ учи како да сакаме, да шириме среќа, да бидеме хумани и секогаш да ја подаваме раката за помош на својот ближен“.

„Во очекување на најрадосниот ден за нас, христијаните – Воскресението, најважно е истата таа радост да ја споделиме и со другите, да си помагаме кога е најтешко и да бидеме заедно во добро и во лошо. Голем ден е пред нас, а човечката големина се покажува со дела“, додава градоначалникот.

Појаснува дека се потрудиле со мало внимание на овие семејства да им го разубават празникот.

„Да знаат дека не се сами, да знаат дека мојата рака секогаш ќе биде нивна поддршка и во убавите, но и во тешките времиња. Сите заслужуваат топол дом и празнична трпеза и јас, онолку колку што можам, ќе бидам тука за мојот народ. Мојата порака до сите е да се стремиме да бидеме уште подобри луѓе, да си помагаме и да си подаваме рака, секаде да пристапуваме со добрина и љубов, бидејќи тоа е највозвишената човечка особина. На тоа, нѐ учи нашиот Бог“, додава Ѓорѓиевски.

Тој упати благодарност до отец Оливер и хуманитарната организација „Свети Спас“ од Драчево, како и до сите волонтери.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ