Во соопштението објавено на фејсбук страницата на општината, пососчуваат дека „овој диво изграден објект по промена на повеќе сопственици во моментов го носи името Риа’с.
Од Општина Карпош велат дека и покрај отпочнатата постапка согласно законските прописи и одбегнувањето на соработка со надлежниот општински инспектор, сопствениците на угостителскиот објект „дрско закажуваат на 19 јуни настан со српската пејачка Наташа Беквалац, на 5 јуни со хрватската пејачка Јелена Розга и на 26 јуни со Владо Георгиев.
„Преку ова соопштение ги известуваме Пазарната инспекција, Управата за јавни приходи, полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување…, дека овој објект е безбедносен ризик и не ги исполнува соодветните законски ни минимум безбедносни стандарди за вакви настани. Општина Карпош ќе продолжи со постапката, но во исто време не може да се начуди на овие музичари и покрај немилиот настан во Кочани, како може да продолжат со настапи во диво изградени објекти, притоа загрозувајќи го својот и животите на посетителите“, се наведува во соопштението на Општина Карпош.