вторник, 7 април 2026

Општина Карпош обезбеди хуманитарни велигденски пакети за семејствата од социјален ризик

И оваа година, традиционално, по  34 пат по ред, Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, во рамките на хуманитарната  акција, подели повеќе од 140 хуманитарни пакети  на  граѓани и семејства кои се во социјален ризик. Станува  збор за  пакети со прехранбени продукти (зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторски производи)  и хигиенски производи кои  беа донирани од страна на учениците од општинските  основни училишта, децата од  јавните општински установи-детските градинки, како и од вработените во општинската администрација во Карпош.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа хуманитарна акција традиционално се одржува  два пати  во годината: еднаш напролет, по повод Велигденските празници, како и наесен по повод роденденот на Општина Карпош.

Заложбата на  општинската администрација, како и на градоначалникот Сотир Лукровски, е и во иднина  максимално да им се помага на нашите сограѓани и семејства кои се наоѓаат во зоната на социјален ризик, но и да им помага, согласно законските надлежности и ингеренции, да се позиционираат и да бидат конкурентни на пазарот на трудот, излегувајќи од сферата на социјалниот ризик, соопшти општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ