четврток, 26 март 2026

Општина Карпош ќе набавува машина за чистење отпад и депонии

На денешната едница на Советот на Општина Карпош советниците дадоа поддршка на на предлог – одлуката за кофинансирање на проектот на Министерството за локална самоуправа на Македонија „Набавка на телескопски натоварувач со променливи корпи“. Станува збор за набавка на механизација која ќе ја користат службите од Општина Карпош, задолжени за одржување на јавната хигиена на своја територија. Оваа машина ќе служи за расчистување на различен вид отпад, гранки, лисја, но исто така и за отстранување на депонии.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно техничката спецификација, проценетата вредност на машината е близу 3 милиони денари со пресметан ДДВ. Во случајов Општина Карпош ќе го кофинансира проектот со 330.000 денари со вклучен ДДВ, односно ќе учествува со финансиски средства во висина од 11% од вредноста на набавката.

Со мнозинство гласови беше поддржана и предлог – одлуката со која Советот дава согласност за распишување на јавен повик за избор на членови на Советот за женско претприемништво кој ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Општина Карпош. Советот за поддршка на женско претприемништво на Општина Карпош се формира заради поттикнување и поддршка на актуелните и потенцијалните жени претприемачи во општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ