вторник, 3 март 2026

Општина Илинден се пофали со препумпен уред за фекална канализација

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се реализираат градежните работи за поставување и монтажа на препумпен уред во населено место Илинден.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Општина Илинден, овој препумпен уред се поставува во најнискиот дел на н.м. Илинден и ќе ги зафати водите од фекална канализација на улица „19“ и припадните краци кои се наоѓаат на оваа улица. Препумпниот уред ќе претставува собирно место од повеќе улици од кои дел веќе имаат фекална канализација, но и улици каде во наредниот период ќе се работи на изградба на фекална канализација.

„Увид на градежните работи на терен направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека отпадните фекални води од овој препумпен уред ќе се препумпуваат во веќе изградената пречистителна станица во населба Илинден и истите ќе се пречистуваат во станицата. На овој начин се овозможува комплетно зафаќање одведување и прочистување на отпадните фекални води што претставува наша приоритетна заложба во насока на обезбедување квалитетни услови за живот на нашите граѓани како и подобрување и унапредување на животната средина“, стои во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ