вторник, 9 декември 2025

Градоначалникот на Илинден се пофали и се фотографираше до донирано специјално возило

Општина Илинден денес испрати соопштение со кое се пофали дека беше извршено примопредавањето на донацијата – специјално возило или работно АТВ, од страна на општествено одговорната компанија „Мото Илинден“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, станува збор за донација на теренско возило за планински делови. Ова возило ќе биде користено за одржување на ридско-планинските патеки, како и во ситуации при гаснење на пожар, односно на тешко достапни места каде ќе има потреба при вонредни ситуации.

Градоначалникот Георгиевски, при примопредавањето на донацијата ја искористи можноста да се заблагодари на општествено одговорната компанија за хуманиот гест и ја истакна важноста на овој вид донација за општина Илинден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ