четврток, 19 февруари 2026

Општина Центар засега не издаде дозвола за градба на 25-катница

Општина Центар засега не може да издаде градежна дозвола за изградба на 25-катница и 10-катница на местото на поранешната печатница на НИП „Нова Македонија“. Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката да се изврши техничка исправка во градежната парцела. Техничката исправка треба да се направи поради грешка во техничкото исцртување, немало регулаторна линија. Жители на околните згради, кои присуствуваа на седницата, рекоа дека се работи за зграда чудовиште која ќе ги отави без сонце и ќе им се наруши хуманото живеење.

Објавено на

часот

Сподели

Советниците од граѓанската иницијатива Шанса за Центар рекоа дека според Деталниот урбанистички план (ДУП), предвидени се 105.000 метри квадратни на основа од 5.200 метри квадратни. Ова значи дека се потребни 1.750 паркинг-места, кои може да се обезбедат само со 10 подземни нивоа.

И советниците на Левица и на Знам рекоа дека ќе гласаат „против“. Советнците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека на Комисијата за урбанизам едногласно било одлучено дека нема да се поддржи оваа точка и нема потреба да се водат дискусии кога сите биле против изградбата на зградата.

ДУП-от за овој дел е донесен во 2012 година. Со измена на план не може да се намали катноста, не може да се одземе веќе дадено право. „Денеска станува збор за техничка исправка во парцелата. Исто така манипулирате со бројки, максималната дозволена висина е 25 ката, но може инвеститорот ќе гради помал објект“, рекоа од Секторот на урбанизам. Тие потсетија дека ако не се изгласа техничката исправка, инвеститорот ќе може да ја тужи Општината, по што ќе треба да се исплати оштета од буџетот на Општина Центар.

Сите советници гласаа против точката и со тоа не се изврши техничката измена.

Општина Центар соопшт и дека за недонесување на предлог-одлуката гласаа сите 23 советници.
„Ние, како администрација, имаме обврска точката да ја ставиме на дневен ред и воедно да ги посочиме сите импликации. Советниците се тие што гласаат и ја носат одговорноста. Нема потреба од прозивки, медиумски пиар и театар. Овде станува збор за буџетот на граѓаните, а не за партиски интереси. Советот мора да носи одлуки во интерес на граѓаните, а не за дневнополитички калкулации“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Претходно, Комисијата за урбанизам на Општина Центар даде позитивно мислење за предлог-одлуката.
Согласно законот за техничка грешка, исправката во донесен урбанистички план не подразбира никакви измени во планирањето или параметрите на планот, туку станува збор исклучиво за корекција на грешка во техничкиот дел на исцртување на планот. Во конкретниот случај, градежната парцела во мал дел не била целосно затворена, односно оформена, соопшти Општина Центар – Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ