недела, 7 декември 2025

Општина Центар врши вонредна есенска дератизација

Службите на Општина Центар заедно со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе пет дена спроведуваат вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти, пишува во соопштението од Општина Центар

Објавено на

часот

Сподели

Како што велат од Општина Центар, дератизацијата се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението.

„Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар информира дека препаратот е специјално дизајниран за контрола на популацијата на глодари и е сертифициран од овластен производител, обезбедувајќи безбедност за другите животински видови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ