понеделник, 14 јули 2025

Општина Центар предлага Дебар Маало за викенди да биде затворено за сообраќај

Дебар Маало да биде затворено за сообраќај секој викенд, почнувајќи од петок во 18 часот до понеделник во 6 часот наутро, предлага градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој вели дека имал поддршка од граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој пилот-проект ќе го доставиме до Градот Скопје, а потоа и до СВР Скопје за конечна согласност. Со тоа ќе направиме важен чекор кон поголема безбедност, мир и повеќе простор за граѓаните во Дебар Маало”, изјави денеска Герасимовски.

Тој вели дека граѓаните му изразиле поддршка за најавениот пилот-проект за ограничување на движењето на возила во внатрешноста на Дебар Маало за време на викендите.

Проектот предвидува Дебар Маало да биде затворено за сообраќај секој викенд, почнувајќи од петок во 18 часот до понеделник во 6 часот наутро. Во овој период, влезот на возила ќе биде контролирано ограничен преку поставување рампи на четири клучни локации, улиците Орце Николов, Ленинова, 29 Ноември и булеварот Климент Охридски. Влез ќе биде дозволен исклучиво за жителите на Дебар Маало кои ќе добијат специјални дозволи (картички), додека за останатите граѓани ќе важи ограничување, ќе можат да влезат со возило, но само привремено – во рок од 15 минути.

Денеска, во рамките на карванот „Се гледаме во маало“, градоначалникот Горан Герасимовски и тим од општинската администрација се сретнаа со жителите на Центар на плочникот кај Зелен пазар. На маалската средба, се дискутирало за сите досега реализирани проекти со кои Општина Центар значително го подобри секојдневието на центарци. Покрај тоа, беа споделени и нови идеи и приоритети за развојот на Центар во наредната година.

Општина Центар останува посветена на директната комуникација со жителите и инклузивно планирање на идните проекти, токму преку средбите како што е караванот „Се гледаме во маало“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ