Со тоа, како што посочи, општината ја продолжува грижата за учениците, обезбедувајќи им најдобри и најсовремени услови за учење и престој.
„Приближно 4.700 ученици, од прво до деветто одделение од центарските училишта годинава ја почнуваат со униформи кои ќе бидат бесплатни за децата. Со овој чекор ги подобруваме условите во училиштата и вложуваме во поквалитетно образование. Покрај воведувањето на униформи, но и бесплатни ранчиња со училишен прибор за првачињата, исто така ги подобруваме условите и преку реконструкција на училиштата. Во тек е реновирање на трите општински основни училишта 11 Октомври, Гоце Делчев и Димитар Миладинов за да им овозможиме на учениците подобра настава“, прецизира Герасимовски.






