„Уплашени што сѐ уште не можат да најдат противкандидат на Герасимовски, тие решија да тргнат во лаги наместо конкретни понуди за центарци. Ова е добро позната матрица на ВМРО-ДПМНЕ која скриена зад ЗНАМ мисли дека може да ги излаже граѓаните да заборават на нивните злодела во Центар. ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, денеска оркестрирано и неиздржано ја започнаа црната кампања против општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски. Но граѓаните на Центар не го забораваат историскиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, носењето на ДУП-овите во три по полноќ, насилството врз општинските работници и рушењето на институцијата“, се наведува во реакцијата.
И додека ние работиме за граѓаните, велат од Општина Центар, да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ дека нивното владеење во Центар го обележа скапиот и забеган проект ,,Скопје 2014”, кој нивните сегашни партнери, како опозиционери, жестоко го критикуваа. Но, сега молчат заради фотелји и власт.
„Ние се подготвуваме за натпревар со проекти и идеи. Впрочем тоа граѓаните го покажуваат при секојдневните средби на градоначалникот со граѓаните во нивните маала. Центар како транспарентна општина секогаш е отворена и за пофалби и критики. Буџетот го креираме во договор со жителите. Реализиравме, на барање на центарци многу повеќе од ветувањата во изборната програма. Во наредниот четиригодишен мандат ќе ги завршиме започнатите проекти но и многу нови со кои Центар ќе биде похумано и посовремено место за живеење. Со идеи, а не со безидејни обвинувања, ве чекаме на изборните соочувања, тогаш ќе покажеме кој знае да работи и гради, а кој само да се заканува. Впрочем коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ е профит коалиција. Ние ја имаме коалицијата со центарци, а тие сметката ќе ви ја испорачаат на изборниот ден“, се наведува во реакцијата на Општина Центар.