„Ве информираме, дека во последните шест месеци општината има издадено 24 одобренија за нови градби, додека пак, останатите барања се за реконструкција и адаптација на постојни градби. За половина од издадените одобренија за градба постапката е започната минатата година“, посочуваат од Општината.
Општина Центар: Имаме издадено само 24 одобренија за нови градби и други за реконструкција и адаптација
Општина Центар ги демантира информациите на граѓанската иницијатива Шанса за Центар дека за шест месеци биле издадени 64 градежни дозволи во Центар. Оваа информација е целосно неточна и претставува груба манипулација со јавноста. Тврдењата дека Општината ги потпишувала сите можни дозволи во предизборен период се целосно неосновани, се вели во реакцијата на Општина Центар.

Објавено на
часот





