вторник, 10 февруари 2026

Општина Битола бара да се пријават куќите кои се потенцијална опасност за граѓаните и може да се срушат

Општина Битола испрати писмено известување до 24 сопственици на куќи кои претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од куќа врз коловоз или тротоар во градот.

Објавено на

часот

Сподели

Од Општина Битола очекуваат одговор од сопствениците и постапување согласно законите за градење и за локална самоуправа.

„Упативме писмено известување до сопствениците чии куќи претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од фасада, керамиди и други предмети врз јавна површина, односно коловоз, тротоар и слично. Очекуваме одговор на писмените обраќања, известувања до сопственици на 24 објекти, куќи на повеќе локации во Битола. Според теренските информации некои куќи се празни, сопствениците се иселени во странство или ги напуштиле, но безбедноста на граѓаните не смее да биде загрозена. Уверени сме дека може да се изврши подобро обезбедување, а сопствениците не смее да ги запоставуваат сопствените објекти“, нагласија од локалната самоуправа.

Во Општина Битола формирана е комисија за утврдување на фактичка состојба на објекти куќи, а сопствениците имаат обврска согласно Закон за градење да преземат итни мерки да го означат објектот како опасен по безбедноста на граѓаните и учесници во сообраќајот, а доколку објектот е под заштита, тогаш интервенира Управата за заштита на културното наследство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ