„Земјиштето на кое е поставена манифестацијата е во приватна сопственост, а Општина Аеродром не е организатор ниту учесник во програмските активности на Зимзоленд. Вашата доверба и спокојство ни се од големо значење. Секое случување во нашата општина е важно за нас, па затоа транспарентноста и отвореноста остануваат наши водечки принципи. Продолжуваме внимателно да ги следиме сите активности, со искрена посветеност да обезбедиме сигурна, уредна и пријатна средина за сите жители на Аеродром“, се наведува во соопштението на Општина Аеродром.
Општина Аеродром: Зизмзоленд е на приватен имот, инспекцијата го проверува поставувањето на урабната опрема
Инспекциската постапка од страна на Општина Аеродром за проверка на работата на забавниот парк Зимзоленд е отпочната на 28 ноември 2025 година и во моментов внимателно се разгледуваат сите факти и околности што се однесуваат исклучиво во делот на одобрението за поставување урбана опрема. По целосно завршување на постапката, од страна на Општината ќе бидат преземени соодветни мерки што произлегуваат од законите, доколку за тоа постои утврдена основа, информираа попладнево од Општина Аеродром.

Објавено на
часот





