„Фактите кои ги објавија медиумите и се целосно достапни за јавноста се крајно загрижувачки. Тие ја разнишуваат довербата во ДКСК и ја компромитираат нејзината независност и објективност при одлучувањето. Алармантно е откритието дека членката на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и реферираше дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје – институцијата која ја издала спорната диплома. Воопшто не е важо дали е платена за тоа или не“, рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Со пријава до ДКСК, како што посочи Кузеска, оспорена е диплома од Универзитетот на кој Ристовска била професорка во време кога Христовски дипломирал во рок од една година.
„Ова претставува уште еден основ за директен судир на интереси, што е во спротивност со Етичкиот кодекс на ДКСК, каде што јасно е наведено дека членовите не смеат да одлучуваат за предмети каде постои судир на интереси (член 9).
Не смее да има ниту најмал сомнеж за конфликт на интереси кај оние што треба да се борат против конфликт на интереси.
Ристовска требало да биде изземена од овој случај. ДКСК треба да биде пример, а не да остава впечаток дека штити кого било .
Пиши-бриши постапките на Универзитетот за туризам и менаџмент дополнително ги подгреваат сомнежите дека намерата е нешто да се сокрие од јавноста.
Ако сè било чисто, зошто по објавувањето на информациите во медиумите за судир на интереси, Ристовска беше избришана од составот на универзитетскиот кадар?
За вчера повторно да биде вратена на интеренет-страницата на Универзитетот“, вели Кузеска.
Затоа, портпаролката на партијата нагласува дека СДСМ бара итно да се спроведат три работи.
„ Оставка на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата, поради судир на интереси кој ја загрозува кредибилноста на ДКСК; повлекување и преиспитување на одлуката за случајот со дипломата на директорот на АНБ; расчистување на прашањето за евентуалните неправилности во анализата на Државниот просветен инспекторат.
Институциите мора да работат во интерес на граѓаните и со највисок интегритет. Судирите на интереси, манипулациите и злоупотребите мора да бидат санкционирани. Затоа, бараме итни и конкретни мерки кои ќе ја вратат довербата на граѓаните“, порачува Богданка Кузеска.