Опозицијата ја повикува претседателката Гордана Сиљановска Давкова да не го потпишува указот за прогласување на овој закон. За овој договор со Обединетото Кралство гласаа 82 пратеника, од нив 76 гласаа за, а 6 против, воздржани немаше.
Премиерот Христијан Мицкоски во врска со овој договор изјави дека заемите што ќе произлегуваатзат од договорот со Велика Британија нема да бидат врз основа на македонскиот кредитен рејтинг, туку на британскиот и тоа ќе овозможи каматни стапки пониски од 4,5 отсто.