Ангелов вели дека воздухопловите се на редовна пауза, точат гориво, па ќе се обидат со жива сила да го сопрат патот на огнот кај Шивец, но нагласува дека низ сувата трева и трњето многу брзо се движи огнот. Ќе се бара помош од полициските сили, кои во моментов го обезбедуваат патот.
Кај селото Сирково, кое се наоѓа на границата меѓу општините Кавадарци и Росомона, огнот е невозможно да се стави под контрола.
Од возух претходно беше само забавен огнот, но не беше локализиран.
Воздухопловите можат да дејствуваат дури по 15 часот поради високите температури, а во моментов дејствуваат на други локации два словенечки воздухоплови и еден црногорски хеликоптер.
Во моментов има 15 активни пожари, вели Ангелов.






