понеделник, 8 декември 2025

Основана е Македонска партија на дијаспората

Независна од старите партии и надворешните центри на моќ формирана е Македонка партија на дијапората (MDP – Macedonian Diaspora Party), првата политичка иницијатива создадена од дијаспората, за дијаспората, соопшти нејзиниот престедтел Емир Алили.

Објавено на

часот

Сподели

Партијата е регистрирана во Италија, по што ќе почне да делува низ целата Европска Унија. Следниот чекор на партијата е претставување на проектот пред македонската јавност и активирање на структурата и во Македонија.

„Нашата цел е да се надминат долгогодишните етнички, верски и социјални поделби и повторно да се стави фокусот на државата, правдата и квалитетот на живот на секој граѓанин. Без врски со старите политички структури, без скриени интереси – само независен, чист и граѓански глас. Плурализмот, транспарентноста и можноста јавноста да биде информирана за нови идеи и политички иницијативи се темели на кои се гради здрава демократија – особено во држава каде политичката сцена со децении е ограничена на биполарност. Токму затоа веруваме дека овој проект заслужува да биде претставен пред јавноста, како алтернатива и нова енергија што доаѓа од една од најголемите македонски заедници – дијаспората“, вели Алили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ