„Кај СДСМ се нотира загрижувачки континуитет на јавна политичка пресметка, јавно
дискредитирање, јавно етикетирање и јавно навредување на медиуми, на цели новнарски редакции, и на повеќе новинари. Политичките партии во Македонија мора да го надминат тоа, и да разберат дека критиката до нив како политички субјект, а упатен од медиумите и новинарите е сосема легитимно нешто и всушност треба да го разберат позитивно, како забелешка за нивната работа и дејствување како
политичка партија.
Сите политички чинители, треба да покажат дека имаат капацитет за демократско политичко дејствување, и да разберат дека медиумите се коректор на нивното работење“, се вели во реакцијата на Онлајнмедиа.мк.
Онлајнмедиа.мк: Загрижувачки континуитет на СДСМ на јавна политичка пресметка, јавно дискредитирање и навредување на медиумите
Здружението на порталоте Онлајнмедиа.мк најостро ја осудува денешната прес-конференција на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), на која се напаѓаат и клеветат одредени медиуми, од кои дел се членови на здружението. Ниту една политичка партија во Македонија не смее јавно политички да се пресметува и не смее јавно да дискредитира, ниту еден медиум, ниту пак новинар, се вели во реакцијата.

Објавено на
часот





