Меѓу земјите на ЕУ, најголем процент на клиенти кои наишле на проблеми е забележан во Малта (64,0%), Холандија (57,9%) и Луксембург (51,4%).
Спротивно на тоа, најниски проценти се пријавен во Португалија (4,5%), Грција (10,6%) и Летонија (13,3%).
Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите.
На побавна испорака од очекуваното, се пожалиле една петина од анкетираните (19,9%). Вториот најчест проблем е тоа што веб-страницата од која купувале била тешка за користење или работела незадоволително (11,5%), а трет била испораката на неточни или оштетени стоки или услуги (10,4%).






