среда, 17 декември 2025

ОМО Илинден-Пирин одбележа 147 години од Македонското – Кресненско востание

На 26 октомври 2025 година, и покрај невремето Македонците од сите делови на Пиринска Македонија, од Софија, како и гости од Република Македонија, традиционално ја одбележаа годишнината од Македонското – Кресненско востание.

Објавено на

часот

Сподели

Прославата започна во градот Кресна, пред споменикот на Димитар Поп Ѓоргиев-Беровски.

Зборови за херојот, водачот на востанието изговори копретседателот на ОМО Илинден, Стојко Стојков. Со полагање венци и цвеќиња и со минутен молчење му беше оддадена чест на јунакот и херојот од востанието и за слободата на Македонија.

Вториот дел од одбележувањето се одржа во селото Стара Кресна, каде започнало востанието во 1878 година.

На плоштадот пред споменикот, говор за востанието одржа претседателот на ОМО Илинден, Кирил Тилев. Исто така беа положени венци и цвеќиња и беше оддадена почест во спомен на бунтовниците.

Третиот дел од одбележувањето продолжи во село Оштава, под крошните до црквата, со македонски патриотски песни. Беше одржан и парастос за загинатите во Кресненското востание и за слободата на Македонија.

Кресненското востание е предизвикано од самите настани во Големата источна криза (1875 – 1881) година, Руско –турската војна, Санстефанскиот мировен договор и Берлинскиот конгрес, кои имале силно влијание во Македонија.

Револуционерниот дух кај македонскиот народ сè повеќе растел, особено по востанието во Босна и Херцеговина, и ослободувањето на Бугарија од страна на Русија во Руско-турската војна.

Најголема причина за оружена борба за ослободување на Македонија, предизвикал членот 23 од мировниот договор на Берлинскиот конгрес, кој се однесувал на Македонија и предвидувал нејзина автономија, но останување во рамките на Османлиското Царство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ