четврток, 11 декември 2025

Олово, кадмиум и арсен по пожарот во Трубарево

Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во рамки на дозволените граници. Според извештајот на акредитираната лабораторија, примероците земени на 13 и 14 септември покажуваат сериозно надминување на дозволените вредности на штетни материи во воздухот – концентрацијата на олово изнесувала 0,75 микрограми на кубен метар (дозволената вредност е 0,5). Покачени биле и нивоата на арсен, со 8,9 нанограми на кубен метар, додека дозволеното ниво е 6. Најдрастично отстапување е забележано кај кадмиумот, каде што се измерени 59,1 нанограм на кубен метар, што е повеќе од десет пати над границата од 5, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Објавено на

часот

Сподели

Резултатите од мерењата спроведени вчера и денеска покажуваат дека просечната концентрација на ПМ10 честичките е 9,7 µg/m³, а максималната измерена вредност изнесува 28,2 µg/m³. Вредноста во моментот на завршување на мерењето била 20,1 µg/m³.

„Според добиените податоци, просечните концентрации на PM10 честичките во наведениот период се во рамки на дозволените граници и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје. Овие вредности се во согласност со Уредбата за гранични вредности и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух. Мерењата се реализирани со автоматски систем, користејќи ја следната метода и опрема AMBICON RTM – PM, нефлометар за реално време мерење и евиденција на концентрации на PM10 честички, со светлосен сноп и циклон селектор со проток од 2 l/min. Инструмент: ES-642, METONE, USA – сертифициран за индикативен мониторинг согласно MCERTS стандардите од Обединетото Кралство“, наведува Министерството.

МЖСПП напоменува дека контуинирано го следи квалитетот на воздухот, со цел навремено информирање и заштита на здравјето на населението. Ресопрниот министер Изет Меџити денеска изјави дека ќе се преземат сите неопходни мерки за санирањето на еколошките штети од пожарот во Трубарево

Министерството и Државниот инспекторат ќе продолжат со редовен мониторинг и навремено информирање на јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ