понеделник, 8 декември 2025

Оливер Спасовски не открива дали бил цел на следење од АНБ, очекува одговорност ако имало злоупотреби на службите

Актуелниот пратеник и шеф на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, за кој се откри дека бил предмет на следење од Агенцијата за национална безбедност,додека беше министер за внатрешни работи, очекува одговорност од сторителите за злоупотребите на службата, откако ќе се утврди вистината низ законска постапка.

Објавено на

часот

Сподели

“Очекувам итна декласификација на целата документација за овој случај. Постои постапка согласно која АНБ може да ги обелодени сите информации и сите документи. Вистината мора да биде целосно достапна на јавноста и мора низ една транспарентна, законска постапка да се утврди дали и кој направи злоупотреби, и секако да се бара одговорност. Конечно мора да се застане на патот на оние кои злоупотребуваат, а службите да бидат заштитник на уставниот поредок на државата и на граѓаните“, изјави Оливер Спасовски за Мкд.Мк.

Од она што досега е објавено за аферата со АНБ, потврдено е дека биле обработувани политичарите Христијан Мицкоски, Александар Николоски, Оливер Спасовски, Драган Ковачки, обвинителката Вилма Русковска, уредниците и новинарите на повеќе медиуми со различна уредувачка политика од политиката на тогашната власт… Вилма Русковска и Оливер Спасовски, тогашниот министер за внатрешни работи, биле предмет на обработка затоа што преземале некакви активности во рамките на нивните надлежности против Фросина Ременска, сопругата на Јовче Ременски од АНБ.

Спасовски, сепак не сакаше да ги коментира наводите за негово следење од лица во служба на АНБ, за кои се имплицира дека тоа го правеле од лични мотиви, нагласувајќи дека „ службите треба да бидат заштитник на уставниот поредок на државата и на граѓаните“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ