среда, 10 декември 2025

Оливер Спасовски доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување

Министерството за внатрешни работи вчера до Јавното обвинителтво поднесе кривична пријава против О.С. (49) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.4 во врска со ст.1 од КЗ. Оливер Спасовски е осомничен затоа што како министер за внатрешни работи спречил одземање лиценца за технички преглед.

Објавено на

часот

Сподели

Според Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР,  О.С., како министер за внатрешни работи во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување овозможил на правен субјект – технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари.
„О.С. делото го сторил на начин што во законски предвидениот рок не донел решение за одземање на овластување за технички преглед врз основа на предлог, доставен од надлежна организациска единица за граѓански работи. Истиот, иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот, не ја извршил својата службена должност согласно чл.65 ст.3 од Законот за возила и чл.5 од Правилникот за начинот и постапката за донесување и одземање на решението за овластување на правното лице за технички преглед на возила и за категории на возила за кои се издава овластување за технички преглед на возила“, се вели во информацијата од ЈО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ