недела, 7 декември 2025

Олеснување за македонските работници: Словенија ги поедноставува процедурите за возачки дозволи

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во Словенија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани што живеат и работат во Словенија, а важи и за сопствениците на возачки дозволи од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.

Според новите правила, возачите од Македонија ќе можат да ги заменат своите дозволи во рок од една година од датумот на пријавување престој во Словенија. Тие нема да мора да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит, но сепак ќе треба да достават доказ за ментална и физичка способност за возење (здравствено уверение).

Сандра Газинковски од партијата Слобода, која беше претставник на предлагачите на законот, објасни дека целта не е воведување привилегии, туку отстранување на неоправданите административни пречки.

„Тоа е административна пречка што ги забавува процедурите за вработување и им создава непотребни трошоци, чекање и дополнителни тестови на луѓето“, изјави Газинковски, потенцирајќи дека мерката ќе им го олесни животот на странските работници.

Сепак, опозицијата се спротивстави на овој закон, наведувајќи дека промената може да влијае на безбедноста во сообраќајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ