Јулија Цветковска, маркетинг и ПР координатор на ОКТА, потенцира дека компанијата преку ваквите иницијативи создава реални и одржливи придобивки за граѓаните. „Голема благодарност до нашиот неверојатен тим за успешната реализација на оваа иницијатива. Обновувањето на шумите е повеќе од садење дрвја – тоа значи обновување на надежта за идните генерации. Овој проект докажува дека компаниите имаат моќ да предводат вистински промени кога се водени од одговорност и солидарност. Горди сме што поддржуваме иницијативи кои создаваат позелена и поодржлива иднина – затоа ги повикувам сите да ни се придружат во остварувањето на таа визија“, нагласи Цветковска.
Во мај годинава, ОКТА донираше дрон со напредна технологија за рана детекција на пожари на ЈП „Национални шуми“. Овој дрон овозможува поефикасен мониторинг на шумите и брза реакција на надлежните институции во критичните региони, придонесувајќи за заштита на шумските ресурси и безбедност на теренските екипи.

Генералниот директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, нагласи дека компанијата и понатаму ќе остане посветена на поддршка на заедницата. „Овие иницијативи ја потврдуваат стратешката определба на ОКТА да биде доверлив партнер на заедницата и активен фактор во заштитата на животната средина. Со оваа акција ја потврдуваме нашата визија дека економскиот развој мора да оди рака под рака со еколошка одржливост. Во оваа прилика најавуваме дека до крајот на годината планираме уште неколку општествено одговорни активности. ОКТА повторно ќе донира фотоволтаични кровни системи во неколку институции и организации, со цел да придонесеме за подобрување на енергетската ефикасност таму каде што е најпотребно“, изјави Пасхос.
Во септември, ОКТА активно ги поддржа државните институции во гаснењето на големиот пожар на депонијата во Трубарево. Помошта вклучуваше ангажирање на противпожарното возило на ОКТА и донација на хемиска пена, која беше клучна за гаснење пожар со пластичен и електронски отпад. Минатата година, ОКТА ја опреми територијалната противпожарна единица во Свети Николе со специјализирана опрема за гаснење пожари на непристапни терени – поддршка што пристигна токму кога општината се соочуваше со еден од најголемите пожари.
Претходно, компанијата инвестираше во првиот центар за обука за гаснење пожари од нафтени деривати во земјата. Овој центар овозможува реални вежби и сценарија за противпожарната единица на ОКТА, како и за други државни институции и компании, под строго контролирани и безбедни услови за вработените и инфраструктурата.
Акцијата за пошумување претставува значаен завршеток на година посветена на еден од клучните столбови на CSR стратегијата на ОКТА: превенција од пожари и едукација.






