среда, 9 јули 2025

ОЈО започнало постапка по првата пријава на Град Скопје за градбите во Општина Чаир

Градот Скопје денеска соопшти дека Обвинителството ја започнало постапката по првата пријава за градби во Општина Чаир.

Објавено на

часот

Сподели

„Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму веќе се водат уште две претходно започнати постапки за Висар Ганиу, од кои првата за фалсификување на целата архивска книга со броеви и барања за легализации, а втората за уште еден случај каде незаконски легализирале со уште еден соучесник“, велат од прес-службата на Градот.

Од Град Скопје очекуваат и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да почне да постапува против, како што велат, организираната криминална банда во Општина Чаир.

„Очекуваме и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се одважи, да почне да постапува против организираната криминална банда во општина Чаир, која овозможувала градење незаконски на НЕБЕЗБЕДНИ згради со црни пари од нелегални извори, кои згради ги запишувале на лица кои наводно граделе на 5,6,10 и 11 години, а сега се милионери!“, се вели во соопштението од Град Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ