Оттаму додаваат дека детето, преку Центарот за социјални работи, е сместено во згрижувачко семејство, а за осомничениот ќе бидат предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште-престојувалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување кај службено лице и забрана за приближување до девојчето.
Имено, 57-годишниот З.Ч. од струмичко Ново Село беше кривично пријавен поради насилно однесување спрема својата 11-годишна ќерка, што го снимал со мобилен телефон, а снимката беше објавена на социјалните мрежи.
„СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч.(57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 8 јули во дворното место од куќата на пријавениот во село Ново Село, тој насилно се однесувал кон неговата 11- годишна ќерка, која живеела со пријавениот, кој по разводот со неговата сопруга, односно со мајката на детето, и е нејзин старател. Тој насилството го снимил со мобилен телефон“, појаснуваат од МВР.
Веднаш по објавување на видеозаписот на социјалните мрежи, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки, откриен е сторителот и тој е повикан во СВР Струмица, каде во службен разговор го признал делото.






