недела, 14 декември 2025

ОЈО Скопје поведе постапка против 22-годишник кој ограби автомобил на Државниот завод за ревизија

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – tешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Оценувајќи дека постои опасност обвинетиот повторно да се даде во бегство, јавниот обвинител предложи неговото присуство да го обезбеди со притворска мерка, соопшти ЈОРМ. 

Осомничениот 22-годишник, на 16 јули 2024 година, од автомобил во сопственост на Државниот завод за ревизија паркиран во центарот на Скопје одзел ташна со предмети во вкупна вредност од околу 50.000 денари.

Кражбата ја извршил кршејќи го стаклото на предната лева врата од автомобилот, ги одзел предметите и веднаш избегал. Бил идентификуван врз основа на ДНК траги пронајдени во ограбеното возило. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ