При претрес во домот на осомничениот во селото Батинци полициски службеници пронашле оружје и поголемо количество муниција, три пиштоли и вкупно 643 куршуми со различен калибар и наменети за различни видови оружје.
Јавниот обвинител оцени дека се исполнети законските основи, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.