среда, 14 јануари 2026

ОЈО Скопје и МВР извршија увид по пожарот во Трубарево

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на местото на настанот по пожарот во Трубарево. Увидните дејствија се преземаа како во однос на настанувањето на пожарот, така и во однос на складирањето на отпадот на предметната локација. Беше извршено фотографирање и дронско снимање на локацијата.

Објавено на

часот

Сподели

Со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија на терен се отежнати. По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката. Таму ќе продолжат да се вршат дополнителни мерења на загадувањето од Министерството за животна средина, а на терен ќе излезе и вешто лице од областа на екологијата.

Исто така, сè уште на местото на настанот е стационирана и противпожарна екипа, бидејќи на дел од локацијата и понатаму се јавуваат повремени чадења и постои опасност од ново разгорување. Обвинителството и истражните органи продолжуваат да преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ