Предметот кој го води скопското обвинителство е оформен по допрен глас на 21 јануари.
„Во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, наведуваат во соопштението од ОЈО Скопје.
Жан Митрев во новинарско интервју за ТВ Алфа изнесе тврдења дека бил изложен на притисок од високи политички функционери. Според неговите изјави, поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, барале од него да им ги продаде сопственичките удели во клиниката „Жан Митрев“.






