Од Јавното обвинителството вечерва информираа дека јавниот обвинител наредил обдукција на телата на починатите, како и собирање траги и други материјални докази со цел целосно расветлување на трагедијата.
„Се вршат разговори со повеќе лица што би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, посочуваат од ОЈО.

Од Обвинителството најавуваат повеќе детали од дејствијата во текот на утрешниот ден.
Мајка и дете попладнето паднале од балкон во Карпош. Случајот во полицијата бил пријавен во 14:15 минути. Настанот се случил во зградите кај поранешна Алумина.






