петок, 23 јануари 2026

ОЈО отвори истрага против осомничениот за кршење на стакло на вратата на бугарската амбасада

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 55-годишно лице, осомничено дека на 11 јануари со камен го скршило стаклото на вратата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот, како што наведува Обвинителството, „од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се оддалечил во непознат правец“.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор со образложение дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и основано стравување дека осомничениот би можел да го повтори делото“, пишува во соопштението.

Според Обвинителството, осомничениот сторил кривично дело оштетување туѓи предмети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ